×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден починат и 12 новозаболени од ковид-19 во Куманово

    10.12.2021 21:16 | Сузана Николиќ

    Вкупно 15 починати од коронавирус и уште 361 позитивен од 3.028 тестирања се регистрирани за 24 часа, соопшти Министерството за здравство.

    Еден починат и 12 новозаболени од ковид-19 во Куманово

    Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61, 71, 71 и 83), 3 починати лица од Битола (70, 74, и 84) и едно починато лице од Куманово (47). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

    Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 26.11.2021 до 08.12.2021. Регистрираните починати лица се од Тетово (3), Скопје (2) и Гостивар (2). Починатите лица се на возраст од 47 до 88 години. Четири лица се починати во домашни услови, а три лица се починати во болнички услови.

    Новорегистрираните позитивни се од Скопје – 166, Прилеп – 41, Битола – 30, Кавадарци – 22, Кочани – 14, Куманово и Велес – по 12, Тетово – 8, Гевгелија – 6, Неготино, Радовиш и Делчево – по 5, Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод – по 4, Струмица – 3, Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1.

    Регистрирани сe 433 оздравени пациенти од: Скопје – 182, Битола – 37, Прилеп – 32, Куманово – 23, Штип – 21, Кавадарци – 20, Гевгелија – 14, Тетово – 13, Струмица – 11, Велес и Делчево – по 10, Кочани – 8, Крива Паланка – 6, Берово и Охрид – по 5, Неготино, Радовиш, Валандово и Македонска Каменица – по 4, Македонски Брод и Кратово – по 3, Кичево, Богданци, Демир Хисар, Виница и Демир Капија – по 2, Крушево, Дојран, Свети Николе и Ресен – по 1.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.496.479 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи изнесува 5.620.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 95753, Активни 2739
    Куманово 12979, Активни 178
    Тетово 11361, Активни 79.