×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден починат и 16 новозаболени од ковид -19 во Куманово

    17.09.2020 15:52 | KumanovoNews

     Еден кумановец починал и 16 се новозаболени од коронавирус во изминатите 24 часа во Куманово.

    Еден починат и 16 новозаболени од ковид -19 во Куманово

    На ниво на државата регистрирани се 186 нови случа на ковид-19, а направени се 1674 тестирања.

    По градови:  Скопје 56, Гостивар 18, Куманово 16, Струмица 12, Тетово 10, Штип 8,Прилеп 7, Струга и Битола 6, Крива Паланка 3 и др.

    Починати се 7 лица, еден пациент од Куманово (53), двајца пациенти од Струга (68 и 70), еден од Гостивар (61) и тројца пациенти од Делчево (43, 60 и 78).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти.

    Досега во земјата се направени вкупно 171.155 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16274,  бројката на оздравени пациенти е 13635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1964.