×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден починат и 17 новозаболени од коронавирус во Куманово

    12.03.2022 14:00 | Сузана Николиќ

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.635 тестови, а регистрирани се 277 нови случаи на ковид-19. 

    Еден починат и 17 новозаболени од коронавирус во Куманово

    По градови во: Скопје – 141, Прилеп – 23, Битола – 20, Куманово – 17, Кавадарци – 14, Велес и Охрид – по 9, Кичево и Струмица – по 7, Гостивар, Крива Паланка и Струга – по 4, Гевгелија – 3, Богданци, Кочани, Неготино, Ресен и Тетово – по 2, Валандово, Дебар, Кратово, Крушево и Штип.

    Од вкупниот број на позитивни (277), регистрирани се 44 реинфекции.

    Регистрирани сe 132 оздравени пациенти од: Куманово – 16, Прилеп – 15, Битола – 14, Охрид – 13, Скопје – 11, Велес – 10, Струга – 8, Кавадарци и Ресен – по 6, Дебар и Демир Хисар – по 5, Гевгелија – 4, Тетово, Гостивар, Штип и Неготино – по 3, Кичево – 2, Кочани, Радовиш, Крива Паланка, Берово и Пехчево – по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 8 починати лица: 5 починати лица од Скопје (60г, 79г, 80г, 84г и 86г) и по едно починато лице од Кичево (69г), Неготино (68г), и Струмица (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

    Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 6 починати лица од: Тетово (2), Велес (1), Скопје (1), Куманово (1), Гостивар (1). Починатите лица се на возраст од 41 до 90 години. Лицата за починати се пријавени во период од 28.02.2022 до 03.03.2022 година. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички услови и 3 лица во домашни услови. Од вкупно регистрираните починати лица (14), кај 12 лица се регистрирани коморбидитети, а 2 лица се пријавени без коморбидитети.

    Направени се 2.635 тестови преку: ИЈЗ-246, ЦЈЗ Скопје-98, ЦЈЗ Битола-71, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово-5, ЦЈЗ Куманово-67, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–78, Жан Митрев (Филип Втори)-49, Авицена-91, Биотек-108, Систина-48, лабораторија Лаор-117, Синлаб-12, Ремедика-9, Плодност-10, Генеа-11, Никоб Лаб-200, ВФВ Медикал-62, Ели Медика Плус-20, Ројал Медика–14, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.228.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.920.186 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.293, бројот на оздравени пациенти е 289.978, на починати е 9.137, а бројот на активни случаи изнесува 2.178.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
    Скопје 140735, Активни 1230
    Куманово 16383, Активни 91
    Битола 14444, Активни 126
    Прилеп 13765, Активни 138.