×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден починат и 26 новозаболени од коронавирус во Куманово

    29.10.2021 19:07 | Сузана Николиќ

    Во последните 24 часа регистрирани се 417 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.964 тестирања. 

    Еден починат и 26 новозаболени од коронавирус во Куманово

    По градови во: Скопје – 155, Прилеп – 31, Куманово и Велес – по 26, Кавадарци – 24, Битола и Штип – по 17, Крива Паланка – 14, Кочани – 13, Тетово – 11, Охрид и Пробиштип – по 10, Радовиш – 7, Свети Николе, Делчево и Кратово – по 6, Гевгелија, Ресен, Берово и Демир Хисар – по 5, Струмица, Кичево, Неготино, Виница и Македонска Каменица – по 3, Пехчево – 2, Крушево – 1.

    Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (60г и 64г)  и Кочани (45г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Тетово (79г), Штип (66г), Битола (82г) и Крива Паланка (38г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

    Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 24.10.2021, од Скопје на возраст од 84 години, починат во болнички услови.

    Регистрирани сe 329 оздравени пациент од: Скопје – 151, Куманово – 35, Велес и Штип – по 15, Кавадарци – 14, Кочани – 12, Битола – 11, Прилеп – 10, Струмица – 9, Гевгелија – 8, Свети Николе – 7, Неготино, Берово и Пробиштип – по 5, Тетово, Кичево и Крива Паланка – по 4, Кратово – 3, Гостивар, Валандово, Богданци, Крушево и Пехчево – по 2, Радовиш и Демир Хисар – по 1.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.378.530 тестирања на ковид-19.

    Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201.708, бројот на оздравени пациенти е 188.024, на починати е 7.108, а бројот на активни случаи изнесува 6.576.