×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден починат и нови 81 заболени од ковид-19 во Куманово

    02.02.2022 19:42 | Сузана Николиќ

    Во последните 24 часа, според податоците од Институтот за јавно здравје направени се 4.667 тестови, а регистрирани се 1.543 нови случаи на ковид-19.

    Еден починат и нови 81 заболени од ковид-19 во Куманово

    По градови: Скопје – 784, Битола – 98, Куманово – 81, Кавадарци – 59, Тетово – 58, Струмица – 45, Прилеп – 44, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 31, Кочани – 29, Кичево – 28, Охрид – 27, Радовиш – 24, Штип – 20, Струга и Валандово – по 17, Свети Николе и Ресен – по 15, Гевгелија - 14, Делчево – 12, Крива Паланка – 10, Богданци – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 5, Кратово – 4, Берово – 2, Дебар, Виница, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

    Од вкупниот број на позитивни (1.543), регистрирани се 220 реинфекции и една втора реинфекција.

    Регистрирани се и 1.961 оздравен пациент од: Скопје – 854, Струмица – 144, Кавадарци – 127, Битола – 88, Охрид – 68, Штип – 64, Велес – 62, Гевгелија – 58, Куманово – 56, Валандово – 50, Неготино – 40, Прилеп – 39, Струга – 35, Тетово – 34, Гостивар – 29, Кичево и Свети Николе – по 28, Крива Паланка – 23, Ресен и Делчево – по 20, Кочани – 19, Радовиш – 18, Богданци – 12, Берово – 8, Виница, Пробиштип, Демир Капија , Пехчево и Дојран – по 5, Македонски Брод – 4, Демир Хисар – 3, Кратово – 2, Дебар, Крушево и Македонска Каменица – по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 9 починати лица одСкопје (63г, 72г, 72г, 73г, 74г, 78г, 79г, 85г и 90г), 3 починати лица од Прилеп (56г, 69г и 76г), 2 починати лица од Охрид (84г и 89г) и по едно починато лице од Битола (84г), Кичево (74г), Куманово (83г) и Ресен (63г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

    Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 починати лица: Скопје (3), Пробиштип (1), Штип (1), Струмица (1), Делчево (1) и Гостивар (1). Починатите се на возраст од 41г до 81г. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а 4 лица во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 04.01.2021 - 29.01.2022г.

    Од вкупниот број на починати лица (n=26),  12 лица се целосно вакцинирани, а кај 25 лица се регистрирани коморбидитети.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.798.697 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 272.437, бројот на оздравени пациенти е 249.631, на починати е 8.470, а бројот на активни случаи изнесува 14.336.

    Дистрибуција по градови :
    Скопје - 124.335, активни 8031
    Куманово – 15.038, активни 610
    Битола – 13.023, активни 996.