×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Единаесет дена ни трага ни глас од исчезнатиот Ренато

    19.08.2014 07:50 | KumanovoNews

    Нема никаква информација за Ренато Џељадини (15), кој пред единаесет дена исчезнал на депонијата Краста.

    Единаесет дена ни трага ни глас од исчезнатиот Ренато

    Родителите Руфат и Перјан Џељадини очајни и скршени од болка бараат помош од надлежните институции, бидејќи се немоќни сами да го пронајдат свеоето единствено чедо. Велат дека заедно со роднини, пријатели, соседи од населбата Стари Лозја неколку пати ја пребарувале депонијата, но без резултати.

    „ Три дена со луѓе го баравме на депонија детето. Дојдоа и луѓе што не не познаваат. Раце си исекоа пребарувајќи, а и со багер баравме. Жена ми секој ден прима инекции, постојано плаче. Ниту ми се јаде, ниту ми се пие. Нас паметот ни е во детето. На него се надевавме дека ќе не чува на стари години, дека ќе се ожени, тоа ни беше единствено дете. Детето не се двоеше ни пет минути од мене, јас не му давав да фати лош пат„ - вели Руфат.

    Мајката Перјан постојано се надева дека Ренато ќе се појави од некаде, ќе се врати жив и здрав дома.

    “ Се надевам дека ќе ми врати детето. Јас сум болна, ама откако ми го нема како да сум мртва. Не ми се седи никаде, место не ме држи“ - рече Перјан.

    Од полиција им кажале дека работат на терен за пронаоѓање на детето, но детали не им соопштиле.

    Ренато Џељадини се изгуби минатата сабота на депонијата Краста, додека собирал пластични шишиња со родителите. Откако отишол да земе храна од култиваторот, веќе не се вратил. Полицијата со кучиња трагачи утврди дека детето се оддалечило 500 метри од Краста и одтука му се губи трагата.