×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Екипи од цела Македонија се натпреваруваат во прва помош

    20.09.2014 11:23 | KumanovoNews

    Вкупно 25 екипи од земјава денеска во Куманово се натпреваруваат во прва помош во рамки на 23 - oт државниот натпревар организиран од Црвен Крст на Македонија.

    Екипи од цела Македонија се натпреваруваат во прва помош

    Тема на натпреварот е “Прва помош во секојдневни несреќи и катастрофи“, а  младите се натпреваруваат со изведување практични вежби.

    Од минатата година натпреварите се тематски. Лани беа сообраќајни незгоди, сега се катастрофи. Реалистично се прикажани повреди. Ги има сите сценарија до кои би дошло во случај на катастрофа. Имаме квалитетни екипи и има што да се види. Екипата победник ќе настапува на европско првенство по прва помош, локацијата сеуште не е утврдена - вели Огнен Костовски, претседател на републичка комисија за прва помош и организационен одбор за натпреварот.

    Од Куманово се натпреварува екипата од Црвениот Крст која беше најдобра на општинскиот натпревар по прва помош.

    Се отпочна навреме, екипите дојдоа навреме и се се одвива како што беше планирано. Сите се добро подготвени - рече Иле Митковски, секретар во Црвен Крст Куманово.

    Учесниците велат дека месец дена претходно се подготвувале за натпреварот и очекуваат добри резултати.

    За овој натпревар активно се подготвуваме три до четири недели во организација на Црвен Крст со ментори и лекар од Гостивар. Поминавме веќе еден пункт каде што имавме три вежби, задоволни сме од досегашните резултати и сега не чека следната вежба. Очекуваме да освоиме добар број на поени и да оставиме добар впечаток - вели Стефан Марковски, учесник  од Гостивар.

    На натпреварот ревијално ќе се претстават и гостите од Ниш. Тоа е шестчлена екипа која следниот месец ќе учествува на државен натпревар по прва помош во Србија.

    Првата помош е најважна додека да дојде Брзата помош. Тие неколку минути се најважи за човечкиот живот. Ако успееме како што било некогаш во сите училишта званично да има обука, ќе има многу помалку работа за лекари, а здравјето на некој начин ќе биде сочувано. Натпреварот е одличен за да младите разменат искуство и да склучуваат пријателства - кажа Мирјана Гоциќ, координатор на Црвен Крст од Ниш.

    Прогласувањето на победниците ќе биде на Градски кеј околу 18 часот. Ќе бидат наградени првите три најдобро пласирани екипи.