×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еко столчиња што топлат и штедат, изум на средношколци од Крива Паланка (видео)

    11.05.2023 12:27 | Жаклина Цветковска

    Средношколците од СОУ„Ѓорче Петров“ од Крива Паланка се најдоа меѓу победниците на UPSHIFT Програмата, циклус дигитализација, со нивното иновативно решение за изработка на еко столче со кое ќе се решава загревањето во училиштето и ќе се штеди енергија.

    Победничкиот тим Рибутерс (Rebooters) во наредните месеци ќе го изработи својот прототип со вградување на инфрацрвени дигитални панели на училишните столчиња на кои ќе може да се регулира температурата и да се користат по потреба. Вградените сензори за температура и притисок од панелите поставени на училишни столчиња ја оптимизираат употребата на енергија за затоплување на просторијата, што пак позитивно се одразува на буџетот на училиштето. Со тоа значително ќе се влијае на заштедата на енергија во училиштето, но и на намалувањето на загадувањето.

    Членовите на тимот : Горана Симонова, Ева Симонова, Стефан Величковски, Божидар Јанковски и Јован Јакимовски, заедно со менторот проф. Драган Китановски , беа избрани од 40 апликанти - средни училишта и најпрвин се најдоа во Топ 10, а потоа и во 5-те наградени училишта со најдобри иновативни идеи, кои добија по 120.000 денари за изработка на дигиталниот прототип. Тие велат дека нивното еко решение ќе обезбеди заштеда на потрошувачката на електрична енергија од 60% и на потрошувачката на нафта од 30- 40 отсто.

    Главната идеја им била големата потрошувачка на нафта како енергенс со кој се затоплува СОУ„Ѓорче Петров“ и неговото штетно влијае на загадувањето на животната средина.

    Нивната идеја најпрвин ќе ја применат во своето училиште, а велат дека овој изум е многу погоден и за загревање на кино салите, но и за институциите и бизнис заедницата.

    UPSHIFT програмата е поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој, UNICEF и Амбасадата на Шведска .

    Еко столчиња што топлат и штедат, изум на средношколци од Крива Паланка (видео)