×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Екологистите го заборавија Денот на животната средина

    05.06.2010 09:17 | KumanovoNews

     По повод 5 јуни, Светскиот ден на животната средина во Општината нема организирана ниту една еколошка акција. Денот посветен на животната средина го заборавија сите кои се задолжени за нејзино зачувување: локалната власт, еколошките и невладини организации, училиштата, партиите, граѓаните...

    Екологистите го заборавија Денот на животната средина

     Единствено вработените во ЈП „Чистота и Зеленило„ во состав на своите редовни активности утре ќе собираат смет на булеварот „Октомвриска Револуција„ во комплексот на згради кај Спортската сала.

    И додека во другите градови и соседни држави со недели однапред се промовираа кампањи и реклами, заради што поголема масовноста на граѓаните, кај нас не се одржа ни една трибина. Во градот како да нема ниту еден еколошки проблем на кој можеме сите да му се посветиме.  По се изгледа нема ни еколошки здруженија, кое со своите активности ќе дадат пример и ќе влијаат на свеста на граѓаните за зачувување на животната средина.

    Куманово има потенцијал да стане лидер во регионот со еколошки чиста и здрава животна средина. Поседува капацитети кои тоа го обезбедуваат, но надлежните треба поагресивно и порганизирано да работат на еколошката култура на граѓаните, ако сакаат резултати.

    Неспоиво е да имаме најсовремена пречистителна станица од 10 милиони евра, уреден Кеј, гасификација и река преполна со ѓубре, пластични шишиња, диви депонии и уништени зелени површини.

    Сите мораме да ги смениме навиките, ако сакаме да живееме во зелено, европско Куманово.