Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во понеделник со почеток во 13 часот, средното економско училиште “Перо Наков“ со низа активности ќе се претстави пред идните ученици и граѓаните.
Програмата ќе почне со пречек на гостите, говор на директорот, презентација на струките и материјално техничките услови кои ги нудат. Ќе има модна ревија со модели кои ги изработиле ученици од текстилно - кожарската струка. Ќе се говори за наградите на учениците постигнати на различни полиња. Гостите ќе можат да погледнат филмови кои биле наградени, а се дело на учениците. Низ снимени интервјуа денешни успешни граѓани, некогашни ученици на економското училиште. Ќе има и шандови каде ќе се делат материјали за струките и образовните профили во “Перо Наков“.
Останатите училишта со активности за промоција почнуваат од 23 мај, а во јуни се организираат и директни средби со основците кои треба да избираат каде ќе се запишат.