Експлодира автомобил на “Вардарска“
20.03.2015 12:34
| KumanovoNews
На улица “Вардарска“ во центарот на Куманово, во два часот утрово оштетени се два автомобили од експлозивна направа.
Сопственикот Д.Ф.(30) утринава пријавил во полицијата дека ноќеска, додека бил во неговата куќа слушнал силна експлозија. Кога излегол надвор видел дека неговиот автомобил е оштетен, како и друго возило кое било паркирано во непосредна близина. Случајот е пријавен во полиција и се преземаат мерки за негово расчистување.