Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Експлозија на плинска боца предизвика пожар во стан на приземје на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово.
Од очевидеци дознаваме дека во експлозијата едно лице е повредено и пренесено во Брза помош, а на уште една жена и се пружа помош на лице место. Од експлозијата е оштетено е eдно возило и скршени се прозорците на околните станови.
На терен се екипи на противпожарната единица, брза помош и полицијата.