×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Екстрадиран двоен убиец од Никуштак

    20.03.2010 12:57 | KumanovoNews

     Х.Д.(35) од село Никуштак, кој се барал со судска потерница заради бегство од затворот во„Идризово“ и сомнение за сторено кривично дело „Убиство“ во 2005 година, е екстрадиран во МВР

    Екстрадиран двоен убиец од Никуштак

    Истиот, пред неколку денови бил приведен во Приштина од страна на косовската полиција по што, со засилено обезбедување, преку Граничниот премин „Блаце“, е вратен во земјава и спроведен во „Идризово“ каде има за доиздржување уште 3 години и 6 месеци од 13 годишната казна затвор за убиство.

    Тој се нашол за решетки за убиство извршено на 26.06.1998 година, кога со пиштол кој го поседувал без дозвола, во дворот од семејната куќа, пукал и со четири куршуми го усмртил сопственикот Имер Рамадани од с.Черкезе – Куманово. Со убиениот, според судската пресуда, биле во расправија заради наводна кражба. Истиот тврдел дека бил нападнат од роднини на убиениот по што пукал во Имер Рамадани.

    Имено, Х.Д. непосредно пред да избега од КПУ„Идризово“ на 09.08.2005 година со огнено оружје во кругот на затворот го убил Неџмедин Кадриу од с.Черкезе - Куманово, по што незабележан од органите на прогонот, успеал да побегне и да ја напушти државата.

    Покрај овие дела, против Х.Д. се поднесени уште 49 кривични пријави за „тешки кражби“, 4 за „предизвикување општа опасност“ и една за „кражба“.Во периодот од 1992 до 1998 година, делата за кои е пријавуван ги извршувал главно на подрачјето на Скопје и Куманово. Само од 1992 до 1994 на подрачјето на Скопје Х.Д. има извршено 38 „тешки кражби“ и два пати предизвикал општа опасност, додека во периодот до 1998 година на подрачјето на Куманово се товари дека извршил 11 „тешки кражби“, една „кражба“ и две „предизвикување на општа опасност“.