Електричар загина од струен удар
05.07.2014 11:11
| KumanovoNews
И.М.(25) од Куманово, вработен во „Електролајт“, вчера загинал од струен додека работел на поправка на електричната мрежа.

Несреќата се случила во 14.45 часот во селото Матејче, додека момчето било качено на бетонски столб за пренос на електрична енергија. При тоа допрел со главата на електрична жица и како последица од струен удар починал на самото место.
Увид на лице место извршиле ЈО, екипа од СВР-Куманово и инспектор од Државен трудов инспекторат, во присуство на претставници од ЕВН.