×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Електрични оргазам“ ѕвезди на годинешниов Мото рок фест во Куманово

    05.06.2024 10:21 | Оливера Пешевска

    Белградскиот рок бенд  „Електрични оргазам“ се ѕвезди на традиционалниот „Беарс мото рок фест“ и ќе настапат на втората фестивалска вечер во сабота на спортскиот аеродрмом Аџитепе во Куманово. 

    „Електрични оргазам“ ѕвезди на годинешниов Мото рок фест во Куманово

    Покрај нив, во двете вечери предвидена е богата музичка програма со учесници од регионот.

    Рок фестивалот по 16 пат го организира Мото клуб „Мечки“ од Куманово со поддршка на локалната самоуправа и спонзори.

    „И ова година го организираме на позната локација Спортски аеродром Аџитепе во петок и сабота, на 7 и 8 јуни. Почнуваме во петок во 19 часот со прилепскиот бенд „Крос роад блуз бенд“, по што следуваат „Прљави инспектор Блажа„ и „Кљунови“ и кумановците „Д Солушн бенд“. Во сабота, вечерта ќе ја отвори локалниот „Лектира“, возобновен бенд во чиј состав се двајца од старата постава и добар подмладок. По нив ќе се претстават белграѓаните „Ноќни путници“, следуваат „Сакис доволис трио“ од Грција и ѕвезди на вечерта легендарните „Електрични оргазам“, со нивните повеќе од познати хитови“, истакна Игор Тимчевски, член на мото клубот.

    Освен музичката програма предвидени се и интересни содржини за најмалите, во дневната програма и тн „Спора трка“ во која победува најспориот и највештиот возач, со што сакаат да покажат дека не е се во брзината, туку важно е уживањето.

    Не изостанува ни хуманитарниот аспект на настаните кои ги организираат „Мечки“, на Аџитепе ќе се и соработници и волонтери на Хуманитарното здружение „Ајде да шириме љубов“.

    Освен бројна публика од градот и државата секогаш на „Мото рок фестивалот“ има гости од регионот.

    „Нас секогаш првите гости ни доаѓаат од најдалеку, тоа се наши драги пријатели од Словенија, но очекуваме од сите страни како и секоја година. Изненадување беше што пред некој ден ни се јавија десетина моторџии од Темерин, кои не ги ни знаеме,  но гласот се слушнал и очекуваме гости кои не ги познаваме“, објасни Тимчевски.

    Во одржување на „Беарс мото рок фест“ вложуваат самите организатори, членовите на „Мечки“, познати соработници и спонзори од приватниот сектор. Општина Куманово учествува со 800 илјади денари, средства од редовната програма за културни манифестации и настани, и рок фестивалот е наведен како прв настан од „Кумановско културно лето“.