×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Елида дел од LKA-Group, ланец на маркети со унифицирани цени во државата

    07.03.2022 13:08 | KumanovoNews

    Купувачите во Куманово и ширум Македонија од неодамна на излозите на своите локални маркети, кадешто секојдневно пазаруваат, можат да го забележат новото лого – ознака на ЛКА Групацијата. Ова лого ги означува маркетите кои припаѓаат на LKA-Group (Local key account group), здружение формирано од повеќе локални ланци на маркети во над 10 градови во државата.

    Елида дел од LKA-Group, ланец на маркети со унифицирани цени во државата

    Како што велат од компaнијата Елида, нивна цел е ова лого наскоро да стане ознака која за купувачите ќе биде синоним за квалитет, пристапни цени, но и производи и брендови кои може да се најдат само маркетите на нивните членки.

    „Пласирањето на производи од домашни, но и странски проверени брендови, за кои нашите потрошувачи ќе добијат максимална вредност за своите пари е цел на која сме фокусирани уште од формирањето на ЛКА. Дополнително, овие производи се достапни низ целата земја, под унифицирани цени. Истиот прозивод е достапен по иста цена во сите делови на државата, во редовна како и во акциска продажба. Кондиторските производи Sunrice и Delicious, млечните производи на Млекара Шара, препаратите на Bliss за домаќинство и хигиена, сладоледите Ice Dream како и Perfetto тоалетите и брисачите за раце, се само дел од програмите кои можете да ги најдете единствено во маркетите на Елида во Куманово и Скопје, и останатите членки на LKA-Group низ земјава“, велат од менаџментот на Елида-маркети.

    Дополнително, плановите на LKA во следните неколку месеци вклучуваат збогатување на асортиманот во маркетите на групацијата со нови брендови, кои ќе го зголемат изборот на рафтовите и ќе одговорат на барањата за нивните потрошувачи.

    Продажните објекти на LKA се наоѓаат буквално низ целата земја и бројат речиси 150 маркети  во Куманово, Скопје, Гостивар, Кавадарци, Виница, Тетово, Струмица, Битола, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Струга и Св Николе.

    Здружението на локални ланци на маркети LKA-Group функционира повеќе од две години и е во постојано ширење на своите членки и бројот на продажни локации. 

    Повеќе од една година на ниво на целата држава, LKA-Group спроведува редовни викенд акции од четврток до сабота со супер атрактивни цени.

    (комерцијален текст)