×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Емилија Сларидис-Јаневска e нов секретар на Општина Куманово

    29.01.2025 10:27 | KumanovoNews

    Емилија Сларидис - Јаневска, дипломирана архитектка, е нов секретар на Општина Куманово. Таа доаѓа на местото на Александар Гелевски, кој замина на повисока државна функција.

    Емилија Сларидис-Јаневска e нов секретар на Општина Куманово

    Во Општина Куманово е вработена од 2010 година, откако работела во повеќе приватни компании. За раководителка на Секторот за урбанизам е назначена во 2018 година. Во нејзиниот мандат е направен Планот за одржлива  урбана мобилност Куманово 2020 - 2030 година.

    Сларидис-Јаневска, дипломирала на Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во 2001 година. 

    Таа вчера за нашата редакција негираше дека ќе биде назначена за секретар на Општина Куманово, тврдејќи дека не е заинтересирана, и дека за тоа место е потребен правник.