Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од 380 до 400 литри во секунда вода, трошат граѓаните на Куманово во изминатите десетина дена, што е за третина повеќе од вообичаеното.
Енормната потрошувачка се должи на високите температури, но и поради неконтролиран и нерационален однос кон водата. Од ЈП „Вододвод„ апелираат до граѓаните да се воздржат од полевање на бавчи и тревници, бидејќи веќе се чувствува недостаток на вода во повисоките зони.
Се работи за извонредно висока потрошувачка на вода.Ние имаме разбирање дека температурите се високи и потрошувачката е зголемена за основните потреби, но проблемот е во полевањето. Намален дотур на вода имаме во населбите „Карпош„,„Перо Чичо„, Черкеско село,Бабин Дол и другите населби од високата зона, каде воедно имаме и најголема потрошувачка - вели Виктор Божиновски, директор на ЈП „Водовод„.
Засега во двете акумулации Липково и Глажња има доволни количини на вода,но поради големата потрошувачка и недоволен притисокот не можат да се задоволат потребите на жителите во сите делови во градот.