×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЕСМ понуди за 17% поскапа струја, се чека на одлуката на РКЕ

    24.06.2022 20:15 | KumanovoNews

    ЕВН хоме како универзален снабдувач на електрична енергија на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември доби само една понуда од АД ЕСМ по цена од 48 евра за мегаватчас за покривање на 100% од вкупно планираните количини.

    ЕСМ понуди за 17% поскапа струја, се чека на одлуката на РКЕ

    Оваа цена е за 17 отсто повисока од досегашната. Се чека на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

    За претходниот период од јануари до јуни АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоме како универзален снабдувач.

    За цената на електричната енергија на ЕВН хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН хоме, цената на преносниот систем оператор МЕПСО, цената на операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.