Етнолошкиот документарен филм „Марков бунар“ прикажан во Кратово
05.10.2015 10:58
| KumanovoNews
Етнолошкиот документарен филм „Марков бунар“ на авторката етнологот Валентина Илиевска од Музеј Куманово, викендов беше прикажан на Меѓународен фестивал за етнолошки филмови во Кратово.

Филмот беше прикажан ревијално, а промоција ќе има и во Куманово.
Филмот е снимен на 8 мај на празникот Свети Марко во Проевце. Прикажани се сите магиско обредни дејствија поврзани со празникот. Ова беше единствен филм од Куманово кој беше прикажан годинава на фестивалот - кажа авторката.
На овој реномиран фестивал беа прикажани филмови од повеќе земји. Музејот Куманово последниве години редовно учествува на овој фестивал со свои проекти.