×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Европски денови на културно наследство во Кумановскиот музеј

    22.09.2022 09:38 | Сузана Николиќ

    Со изложби, промоции, проекции на филмови и едукативни работилници Кумановскиот музеј ќе ги одбележи Деновите на европско културно наследство, кои се одржуваат од денеска до 28 септември. 

    Европски денови на културно наследство во Кумановскиот музеј

    Овогодинешното одбележување ќе биде под мото „Одржливо наследство“. 

    „Националната установа Музеј Куманово оваа година се вклучува кон оваа иницијатива со
    организирање на бројни настани и со богата агенда. Активностите започнуваат од денеска, четврток, во Гимназија “Гоце Делчев” со проекција на етнолошки филм “Мека душа за тврдо железо” од авторите Надица Петковиќ и Валентина Илијевска. Утре во истото училиште ќе бидат прикажани и етнолошките филмови “Ориентални влијанија на поствизантиските цркви во Кумановско” и “Двојните цркви во Кумановско од поствизантиски период XVI-XVII век” од авторот Валентина Андреиќ“, изјави директорката Мери Николиќ.

     Активностите продолжуваат од понеделник со едукативни работилници ”Погледни во минатото, дизајнирај ја сегашноста” со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“, во вторник вработените од Музејот ќе имаат работна посета на локалитетот Царичин град, општина Лебане и на Народниот Музеј во Лесковац.
     
    Во среда на последниот ден ќе се организираат едукативни работилници ”Погледни во минатото, дизајнирај ја сегашноста” со ученици од ООУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Браќа Миладиновци“, Куманово. Манифестацијата ќе заврши со ретроспективно-монографска изложба на Крсто Славковски од авторот Гоце Божурски во 20 часот во Уметничка Галерија Куманово.

    Европските денови на културнотo наследство претставуваат нajшироко прифатен партиципативен културен настан којшто го споделуваат граѓаните на Европа. Со повеќе од 70.000 настани што се организираат во педесетте земји – потписнички на Европската културна конвенција, оваа сеевропска иницијатива има за цел да ја подигне свеста кај пошироката јавност за заедничкото - европско наследство. Во текот на повеќедецениската реализација, Европските денови на културното наследство пераснаа во најголем европски проект поврзан со наследството, којшто успешно ја промовира инклузивноста и ја поттикнува креативноста и имагинацијата на граѓаните на Европа.