„Ехото на Македонија“ концерт на Дарко Тодоровски во Занаетчискиот дом
15.05.2025 10:51
| KumanovoNews
Оперскиот пејач Дарко Тодоровски утре со почеток во 20 часот ќе одржи концерт под насловот „Ехото на Македонија“ во Занаетчискиот дом во Куманово.

Музичката вечер ќе биде синергија на традицијата, македонскиот музички дух и џезот.
„Вечер исполнета со многу емоција и музика што одекнува од срцето на Македонија, вечер на македонски евергрини и народни песни“, стои во најавата на Фондацијата за култура и спорт.
Пијано придружба ќе биде Јован Цветковиќ, млад џез пијанист од Куманово.
Влезот е слободен за сите заинтересирани.