Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фармерот Свето Пандиловски од село Романовце, со системот “капка по капка“ добиен од УСАИД ги зголеми приносите на пченка.
Оваа година Пандиловски ќе има приноси околу 12 тони пченка по хектар, што е двојно повеќе од претходните години. Мотивиран од богатиот род годинава, за идната година планира да засади поголеми површина и да произведе повеќе храна за добитокот.
Многу помалку обврски има, полесно се наводнува со многу помалку труд. Искрено би апелирал до сите земјоделци да аплицираат за овој систем и мислам дека ќе бидат многу задоволни. Со подобри приноси ќе бидат попрофитабилни како земјоделци и сточари. Ѓубрењето преку самиот систем е многу подобро, целото ѓубре останува во самата почва и ефектот е поголем“- изјави Пандиловски.
УСАИД со проектот за експанзија на мали бизниси, веќе три години им помага на земјоделците да произведат повеќе пченка. Велат дека ова е трикратно намалување на цената на сточната храна што е голем бенефит за производителите на млеко.
Секоја година се обидуваме да покажеме какви резултати имаат фармерите од регинот и истите искуства да ги споделат со нивните колеги фармери. Го постигнавме очекуваното во однос на просеците. Пченката е основна храна и за други сектори како што се свињарството, живинарството, така што вниманието полека го насочуваме и кон другите подсектори. Пченката е основниот производ “ - изјави Мартин Трајчев од УСАИД.
Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на североисточниот плански регион објаснува дека системот “капка по капка“ ги дава резултатите на терен.
Да им се заблагодарам на УСАИД за поддршката што ни ја даваат, а со тоа отвараме можност за одржливост на овој проект. Се надеваме на што поголема застапеност на системот “капка по капка“ во нашиот регион пред се за одгледување на пченка и сончоглед“- кажа Протиќ.
Младиот Ферат Саити од село Романовце кој одгледува десет крави вели дека по примерот на неговиот сосед, планира и тој да аплицира за добивање на систем “капка по капка“ кој ќе му помогне за поголеми приноси на пченка.