×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фатени крадците во Младо Нагоричане

    26.05.2012 16:56 | KumanovoNews

    Три лица од Средорек, синоќа ги ограбиле двете цркви во селото Младо Нагоричене.

    Фатени крадците во Младо Нагоричане

    Жителите ги фатиле крадците и повикале полиција. Додека полицајците да дојдат еден од разбојниците успејал да побегне, а двајца се приведени. Жената која ги чува двете цркви, вели дека ова не е првпат тие да бидат мета на крадците.

    Да, честопати ни се случуваат грабежи. Неколку пати се крадени поголема сума на пари, па затоа мора да ги криеме. Не можам да ви кажам колку пати не краде, само да ви покажам колку клучеви има што станаа од кршените врати. Таму во Света Петка има обиено и споредни врати и една помошна просторија - вели Славка Димковска, домар во црквите.

    Од двете цркви и помошните простории синоќа е одземен градежни алати и двд плеер,свеќи, буфер со звучници,како и дарови оставани од верниците, со вкупна вредност од околу 40 000 денари. Сите предмети се вратени во црквите а полицијата работи да ги открие и сторителите на претходните грабежи. Верниците апелираат до надлежните, да изнајдат начин за да ги заштитат духовните светилишта од ваков кражби и сквернавење.