Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца скопјани се обиделе да прокриумчарат четворица Пакистанци од Македонија за Србија, преку дивите премини во Лојане.
Минатата недела пријавените со своите возила ги презеле странски државјани од автобуската станица во Скопје, и за сума од 60 евра им ветиле дека ќе ги превезат до сeлото. Еден од таксистите имал задача да ја обезбедува трасата до Лојане. По пристигнувањето во селото мигрантите требало илегално да поминат преку границата со Србија и од таму со помош на непознати лица да заминат за Австрија.
Полицијата на преминот Белановце извршила преглед на двете возила при што биле затекнати и приведени четирите илегални мигранти од Пакистан. Мигрантите се сместени во Центарот за прифат на странци.По преземените мерки, утврдено е дека мигрантите илегално влегле во Р.Македонија на 23.07. во раните утрински часови од Грција, а потоа со воз допатувале од Гевгелија до Скопје, каде што се сретнале и спогодиле со таксистите да ги превезе до Лојане од каде требало илегално да поминат во Р. Србија, по претходен договор со нивни другари кои веќе се наоѓале на територијата на северниот сосед.
Д.Б. и Х.С. по приведувањето се изведени пред надлежен истражен судија којшто на двајцата им изрече мерка притвор во време од по 15 дена.