×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Два дена Фестивал на проза во Центарот за култура

    29.05.2024 22:22 | Оливера Пешевска

    Третото издание на Фестивалот на прозата ќе се одржи во четврток и петок во Центарот за култура во Куманово. 

    Два дена Фестивал на проза во Центарот за култура

    Се работи за книжевен настан со гости од Бугарија, Србија и Црна Гора и домаќините од Македонија. На  фестивалот ќе се организираат трибини, дебати и работилници.

    „Би сакал да потенцирам дека на овој фестивал една од главните теми, меѓу другото, е вештачката интелегенција и како книжевноста и литературата комуницира со вештачката интелегенција и обратно, односно дали таа може да придонесе за нешто подобро или полошо во литературата“, истакна директорот Сашо Тодоровски.

    На првата вечер гости се Бојан Кривокапиќ од Србија, Петар Денчев од Бугарија, Фросина Пармаковска и Хана Корнети од Македонија и Никола Николиќ од Црна Гора. Модератор на вечерта ќе биде Душко Крстевски. На централниот настан на 31 мај гости ќе бидат Лилјана Пандева, Билјана Црвенковска, Арлинд Фазири, Пламен Тотев од Бугарија, Владимир Јанковски и модератор Ана Јовковска.

    Двете креативни работилници се закажани за петок, онаа која е наменета за најмалите е со почеток во 11 часот.

    „Работилницата за деца ќе ја водат Владимир Лукаш и Искра Димковска, и ќе биде сосема интересно и забавно за најмалите. Испративме покана до сите основни училишта, интерес постои, но таа е од отворен тип и можат да присуствуваат сите заинтересирани. За работилницата за креативно пишување учесници е предвидено да бидат ученици од средните училишта, сите љубители на пишаниот збор и Книжевниот клуб кој работи при Центарот за култура. Ова работилница ќе ја предводат Јорданка Белева и Живко Гроздановски. Се надеваме на убава панел дискусија на сите настани“, информираше Маргица Станисављевиќ- Станисављевска од Центарот за култура.

    Пишувањето стана нормализирано во последните години, па задоволство е да се слушне дека на фестивалот има работилници за пишување, затоа што впрочем така и се гради читачката публика, смета 

    Младиот автор од Србија, Бојан Кривокапиќ пат присуствува на книжевен настан во државата, до сега има соработувано со колеги- автори од Хрватска и Босна, но оценува дека ова е одличен начин за вмрежување, проширување на соработка и размена на идеи и ставови.

    „Значи не само ревијално публиката да ги слуша гостите, туку најмалите да се вклучуваат во процесот и учат што значи книжевноста, читање, пишување, дискусија, со што книгата ќе стане нешто најнормално, како што на пример сега телефоните. Можеби тоа е премногу идеалистички, но овој модел на фестивали дава добар темел за изградба на култура на читање и пишување“, истакна Кривокапиќ, автор на повеќе книжевни дела и добитник на награди во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

    Министерството за култура, овогодинешниот фестивал го поддржа со 500 илјади денари.