×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фестивалот на краток филм „Филмај“ по четврти пат во Куманово

    01.06.2022 14:01 | Сузана Николиќ

    Фестивалот на краток филм „Филмај“ 2022 утре во 19 часот ќе започне во Центарот за култура „Tрајко Прокопиев“ – Куманово.

    Фестивалот на краток филм „Филмај“ по четврти пат во Куманово

    Фестивалот го организира Фото- кино клуб „Козјак“ – Куманово, а влезот е бесплатен. Посетителите можат да ги подигнат билетите во Центарот за култура.

     Во два 90-минутни блока , со одредена пауза, ќе бидат прикажани 11 филма, коишто беа наградени или селектирани на конкурсот на „ФИЛМАЈ“.

    Наградени филмови се косовскиот „Изместено“ режиран од Самир Карахода, македонскиот „Северен Пол“ со Владимир Самоиловски како директор на фотографија, „Божиќен Ангел” (Грција) по сценарио на Фотис Зампетакис, заедно со најдобриот домашен филм „Обичната Ели“ и најдобар краток филм „Сама“ од Хрватска.

    Официјално селектирани филмови кои ќе бидат прикажани се венецуелскиот „Импровизирана земја“, италијанскиот „Свет син“, Work It Class! од Шпанија, австралискиот „Мајсторот“ и „Сочувствување“ (САД), како и домашниот студентски документарец „Мачор“ на авторката Тина Величковиќ.