×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Филипче со детали за лекувањето на жената што почина од коронавирус

    22.03.2020 20:59 | KumanovoNews

     Министерот за здравство Венко Филипче го појасни начинот како била лекувана 57-годишна жена во Куманово, која е прв смртен случај од коронавирус во земјата.

    Филипче со детали за лекувањето на жената што почина од коронавирус

    Пациентката на преглед дошла на 16 март, со температура и без други симптоми и кашлица, по што и била дадена терапија и пуштена дома. Според кажувањето на лекарите од Кумановската болница таа и нејзиниот син тврделе  дека не патувала во странство ниту пак имала контакт со лица од ризичните земји.

    - Следниот ден, на 17 март, жената со синот дошле со покачена температура, повторно без кашлица, и повторно негирале каква било поврзаност со странство или патувања. На 17 и 18 март примиле терапија, немаат кашлица, и сето се прави како третман во дневната болница, - рече Филипче.

    Министерот рече дека на 19 март жената дошла со потежок наод и со индикација за рентгенска снимка и констатирана е пневмонија, поради што и двајцата биле сместени во одделот за изолација. 

    Согласно нејзините изјави во Кумановската болница, таа не била хронично болна од ниедна болест која можела дополнително да ја искомплицира состојбата. Единствено примала редовен лек против хипертиреоза.

    На 19 март на двајцата, а на 20 повторно на мајката, им биле направени тестови на коронавирусот, и двата биле негативни.  На 21 март состојбата се влошува, направени се обиди за реанимација, меѓутоа, за жал, тие се без успех по што пациетката починала, - рече Филипче.

    Посмртно е земен матерјал и тестот покажал дека има присуство на коронавирус.

    „Разговаравме со експертите, тестот никаде во светот не е 100% сензитивен и тоа е докажано. Што се однесува до здравствените работници, во моментов се прави епидемиолошка анкета со сите и според кажувањата ќе се постапи согласно информациите, податоците, начинот на пристапување дали тие ќе одат во изолација или евентуално ќе се направат соодветни тестирања“, истакна министерот Филипче.