×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Филиповски: Да се изготви стратегија за санирање на “Водовод“

    03.04.2015 12:33 | KumanovoNews

    Од Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ бараат од надлежните да изготват стратегија за надминување на актуелната состојба во јавното претпријатије “Водовод“ за да можат да ја плаќаат испорачаната вода.

    Филиповски: Да се изготви стратегија за санирање на “Водовод“

    „Водовод“ повеќе од една седмица е без струја, и не може да ги сервисира долговите, поради што директорот на Водостопанство, Филип Филиповски денеска на прес-конференција ги повика градоначалникот Зоран Дамјановски и директорот на „Водовод“, Горан Стојковски да изготват план за санација на претпријатијето, кое само на нив им должи 1,3 милиони евра.

    „Главниот виковник Дамјановски молчи и не презема мерки во Советот на општината. Долгот кон Водостопанство перманентно се зголемува. Со неплаќање на долгот ја доведува во прашање и функционалноста на Водостопанство, доколку имаме големи загуби ќе се доведе во прашање контрола на испуштање на вода. Доколку се продолжи со ваков однос, ги доведувате и граѓаните и вработените во “Водовод“, и другите фирми кои соработуваат со “Водовод“ во незавидна состојба. Наша препорака е до Дамјановски и Стојковски што поскоро да се зафатат со решавање на оваа ситуација за што имаат законска обврска“ - вели Филиповски.

    Филиповски објаснува дека она што претходно двете страни го договорија кај министерот за земјоделство Михаил Цветков, не е испочитувано од „Водовод“.

    Од „Водовод“ велат долгот е направен со зголемување на цена на сирова вода во последните години за 300 пати.

    Во министерство беше постигнат договор за цена на сирова вода од 4.5 денари без ДДВ, а тие фактурираат цела година по 6.5 денари. Ако се загрижени за нашето функционирање, треба да донесат одлука со која граѓаните на Куманово нема да плаќаат најскапа сирова вода во Македонија“ - рече Горан Стојковски, директор на „Водовод“.

    Во меѓувреме „Водовод“ работи во отежнати услови, без струја во објектите.