×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Филиповски: Куманово нема да остане без вода

    24.04.2014 14:10 | KumanovoNews

    Вработените од Водостопанство “Кумановско - Липковско поле“ ги отфрлаат информациите пласирани во јавноста дека тие вчера ја сопреле водата од липковските брани, поради што Куманово неколку часа остана без вода.

    Филиповски: Куманово нема да остане без вода

    Имаше дезинформација од страна на “Водовод“ и локалната организација на СДСМ дека во наредните четири дена градот Куманово ќе остане без вода. Сакам категорично да ги демантирам тие тврдења затоа што тие што ги пласираа, мислам дека се впуштија во политиканство. Повторно водата ја спојуваат со политиката во период кога во Куманово има избори. Водостопанство доставувало вода континуирано до филтер станица во “Водовод“ и тоа го прави во овој момент. Граѓаните на Куманово, што се однесува до Водостопанство “Кумановско - Липковско поле“, можат да бидат сигурни и спокојни дека како што досега ги снабдувавме со вода ќе ги снабдуваме и во иднина - изјави Филип Филиповски, директор на Водостопанство.

    Од ЈП „Водовод„ велат дека не се точни наводите дека прават политика со водоснабдувањето во градот, и најавија прес-конференција по изборите, во која ќе објават податоци за дотурот на вода до Филтер станицата во спорниот период.