×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Филмот „Си беше еднаш во Србија“ – утревечер премиерно во Центарот за култура во Куманово

    13.05.2022 10:39 | Сузана Николиќ

    Новиот српски филм „Си беше еднаш во Србија“ на режисерот Петар Ристовски и авторот и продуцентот Звонимир Шимунец, премиерно ќе биде прикажан утре во големата сала на Центарот за култура во Куманово. 

    Филмот „Си беше еднаш во Србија“ – утревечер премиерно во Центарот за култура во Куманово

    Станува збор за романтична приказна за еден град на југот на Србија кој од турска чаршија израснува во европско гратче и го добива епитетот „српски Манчестер“. 

    Во филмот „Си беше еднаш во Србија“ играат: Слобода Миќаловиќ, Виктор Савиќ, Немања Оливериќ, Радован Вујовиќ, Теодора Ристовски, Миодраг Мики Манојловиќ, Зоран Цвијановиќ и други.

    Лесковачката драма во три чина „со среќен крај“ претставува омаж на прочуените лесковачки семејства и нивниот ненадминат претриемачки дух.

    Во центарот на приказната е девојка која е пред своето време, маркантната Зорка (Теодора Ристовски) која што Првата светска војна ја одвојува од вереникот Цоне (Виктор Савиќ), на кој му се губи секоја трага во виорот на војната.

    Таа по наговор на своите родители прифаќа да се вери за друг, за воениот лиферант Аќим Прокиќ (Радован Вујовиќ).

    Воените страдања, ранувањето и амнезијата Цуне го водат на другиот крај на светот – во Манчестер во кој тогаш цути индустријализацијата. По пет години немање никакви вести за него чаршијата го прогласила за мртов и го погребала.

    Меѓутоа, тој во далечниот свет научил дека само низ црниот фабрички чад и тешка работа се стигнува до успех. Опиен со победата во војната и неповратно инфициран со „духот на слободата и напредокот“ Цоне се враќа во својот запуштен Лековац, со желба да го поврати угледот, но и својата стара љубов.

    Како Зорка ќе се справи со предрасудите на примитивната средина? На кого на крајот ќе му го подари своето срце? Кој од двајцата момци ќе биде поподготвен во деловните и животните битки погледнете во оваа мелодрама со елементи на комедија.

    Филмот беше премиерно прикажан во Скопје, а ќе се прикажува и во Куманово, Битола, Охрид и Свети Николе.

    Од понеделник филмот ќе биде на репертоар на Младинскиот културен центар „Козјак“ во два термини од 18 и 20.30 часот.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk