×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Филмот „Србија поголема од стравот: Предавања за молкот на професорот Павловиќ“ ќе биде прикажан во Куманово

    08.12.2021 12:33 | Сузана Николиќ

    Музејот на жртвите на геноцидот на Северна Македонија, во соработка со Српскиот културно-информативен центар „Спона“ од Скопје, организира проекција на документарно-играниот филм „Србија поголема од стравот: Предавања за молкот на професорот Павловиќ“, по што ќе следи разговор на тема „Страдања и сеќавања“. 

    Филмот „Србија поголема од стравот: Предавања за молкот на професорот Павловиќ“ ќе биде прикажан во Куманово

    Филмот ќе биде прикажан утре (четврток) во Занатчискиот дом во Куманово, со почеток во 19 часот. Предавачи ќе бидат историчарите Дејан Ристиќ и Бојан Арбутина.

    Настанот се организира по повод одбележување на 80-годишнината од маскрот извршен во октомври 1941 година во Крагуевац и околината, кога биле убиени ученци од гимназијата.

    Милоје Павловиќ, професор и директор на Машката гимназија во Крагуевац, на 21 октомври 1941 година ја одбил понудата на злочинците да му го поштедат животот и застанал во редот со своите ученици и загинал заедно со нив. „Пукајте, јас и сега држам час“ беа неговите последни зборови, со кои замина во незаборав.

    Во злосторството извршено од германските окупатори во Крагуевац во 1941 година убиени се 3.063 невини граѓани, кои биле собирани од улица, од работа, од пазар. Меѓу нив имало 300 деца.