×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фирми од Куманово зеле пари од државата за плата на работниците, но не ги исплатиле

    28.07.2020 12:27 | KumanovoNews

    Фирми од Куманово кои добиле поддршка од државата за исплата на плата, не им ги префрлиле парите на вработените за два месеци. Станува збор за 16 фирми за месец април и 21 фирма за месец мај.

    Фирми од Куманово зеле пари од државата за плата на работниците, но не ги исплатиле

    Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на  денешната прес конференција соопшти дека на територијата на државата вкупно 281 работодавач добил близу 10 милиони денари, но не ја исполниле обврската за исплата на платите до 722 вработени. Исто така, за месец мај, 427 работавачи добиле околу 13,5 милиони денари поддршка за исплата на плати до 984 вработени, но парите не завршиле кај нив.

    Фирми кои не исплатиле плати на вработените се од дејностите трговија, подготовка на оброци и служење на храна, градежен сектор, трговија на големо и мало, сместувачки капацитети, емитување на програма и производство на облека.

    „Апелирам до сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска одредба да го направат тоа кон своите вработени, бидејќи целта беше да се зачуваат работните места, а не парите да ги земат работодавачите. Да го направат тоа пред да бидат јавно објавени“, изјави Лукаревска.

    Таа апелираше дека мора да се почитуваат обврските утврдени во Уредбата за користење на финансиска помош. Рокот за исплата е поминат, но ова законско право мора да го искористат работниците.

    На работодавачите кои користеле финансиска поддршка, а не извршиле исплата на плата доставени им се опомени за неисплатена плата и доколку не извршат исплата во определениот рок, ќе следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата.

    (Д.Д.)