Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово е првата општина во државата во која е формиран локален економско-социјален совет.Членовите на советот денеска одржаа средба на која присуствуваа и претставници од Меѓународната организација на трудот и од американската агенција за меѓународна помош УСАИД.
На седницата се разговараше за проектите кои треба да се реализираат на ниво на општината, но и за формирање на локални економско-социјални совети на територијата на општините Крива Паланка,Кратово и Ранковце.
"Советот е трипартитно тело составено од тројца преставници од синдикатот, тројца работодавачи од две јавните претпријатија и едно приватно, како и тројца претставници од локалната самоуправа. Телото има за цел да реализира проекти со кои ќе се зголеми вработеноста во општината"- вели претседавачот на советот Оливер Спасовски.
Од советот се надеваат дека ќе добијат проекти со кои ќе се вложат средства за подобрување на локалната економија.