Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Окјај Јакуповски е избран за претседател на општинската организација на Демократската партија на Турците во Куманово, чиј огранок беше формиран викендов.
На оснивачкото собрание биле предложени тројца кандидати, но Јакуповски ја добил подршката на сопартијците.
Наша цел ќе биде да го зголемиме членството, да помогнеме на народот. Граѓаните ќе ни бидат на прво место. Планираме донации, хуманитарни активности и расположени сме за соработка со сите граѓани и политички партии - вели Јакуповски.
Тој од 1981 година работи како професор по физичко образование, а сега предава во ОУ “Кирил и Методиј“ во с.Романовце. Кумановскиот огранок на Демократската партија на Турците засега брои 160 членови.
На централно ниво партијата коалицира со власта, а нејзин претседател е Кенан Хасипи.