×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Форумот на жени на СДСМ организира продажен базар

    06.03.2015 13:54 | KumanovoNews

    Форумот на жени на СДСМ Куманово, по повод 8 Март, утре на Градскиот плоштад ќе организираат хуманитарен базар.

    Форумот на жени на СДСМ организира продажен базар

    Во период од 12 до 15 часот на повеќе штандови ќе се продаваат рачни изработки и специјалитети од храна, а собраните средства ќе одат во хуманитарни цели.

    “Ги повикуваме сите наши членки и симпатизери да повелат на Градскиот плоштад. Нашите сопартијки, нашите сограѓанки ќе изложат креативни изработки, специјалитети, рачни изработки, а собраните средствата и донации од граѓаните ќе бидат наменети за самохраните родители“ - изјави Атина Мургашанска, координаторка на Форумот на жени на СДСМ Куманово.

    Во недела жените од СДСМ ќе учествуваат на традиционален осмомартовски марш, кој годинава ќе се одржи во Тетово. Во 9 часот автобусите ќе тргнат од пред Спортската сала и се очекува на маршот да присуствуваа 500 жени од Куманово.