Мени

Фото вест: Скршен сообраќаен знак на „Октомвриска“

12.01.2026 20:06 | KumanovoNews

Скршен сообраќаен знак денеска го привлече вниманието на минувачите на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

Фото вест: Скршен сообраќаен знак на „Октомвриска“

Знакот беше оставен на тротоарот, помеѓу две засадени дрвца, па засега не е познато како и кога завршил таму.

Појавата на оштетување на сообраќајните знаци не е нова во градот. Често се кршат таблите и столбовите, а знаците се прелепуваат со налепници, иако ваквите појави претставуваат сериозна опасност за безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Граѓаните апелираат до надлежните служби во најкус можен рок да го отстранат и заменат сообраќајниот знак, а истовремено да се откријат сторителите и да се казнат.