×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гарантирана цена на дел од прехрамбените производи останува и во јануари

    27.12.2023 16:23 | Оливера Пешевска

    Мерката „гарантирани цени“ за дел од прехрамбените производи, безалкохолните пијалоци и пивото останува да важи до 31 јануари 2024 година. Одлуката  е донесена на владина седница на барање на Министерството за економија.

    Гарантирана цена на дел од прехрамбените производи останува и во јануари

    Одлуката е донесена во интерес на потрошувачите, поради претстојните новогодишни и божиќни празници.

    „Станува збор за белиот ориз, пченично брашно - тип 400 и 500, бел и полубел леб и одделни пекарски производи, одредени видови бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, јогурт и млечни производи и свежи јајца од кокошка. Остануваат замрзнати и претходно утврдените цени на минералната негазирана и газирана вода, одредени видови негазирани и газирани пијалаци и пиво“, стои во одлуката на Владата на РС Македонија.

    Мерката „гарантирана цена“ беше донесена во септември годинава, а важи за повеќе категории на прехранбени производи кои се продаваат по цени за 10 отсто пониски од оние што овие производи ги имале на 1 август оваа година.

    Преходно, министерот за економија Крешник Бектеши најави дека замрзнатите цени на дел од основните производи ќе се применуваат додека Собранието не го изгласа предлог-законот за нефер трговски практики кој минатата недела беше усвоен од Владата.