Гаревски освои сребро на државно првенство
19.08.2014 06:42
| KumanovoNews
Лука Гаревски од Куманово се закити со сребрен медал на Државно првенство во триатлон што викендов се одржа во Радожда, Струга.
Спринт дистанцата беше 750 м пливање, 20 км возење велосипед и 5 км трчање.
Резултатот е одличен, трката беше многу брза и интересна. На првенството учество земаа 45 натпреварувачи. Јас освоив сребро во најпрестижната категорија сениори и се здобив со титулата државен вице шампион во триатлон - рече Гаревски.
Тој на 20 и 21 септември ќе учествува на Балканско првенство во Бургас, Бугарија.