×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Георгиевска: 238 илјади граѓани ќе добијат по 6000 денари преку трансакциски сметки

    13.11.2020 15:38 | KumanovoNews

    По 6.000 денари ќе добијат 283.000 граѓани, а парите ќе им бидат исплатени на трансакциски сметки, кажа Јасмина Георгиевска од СДСМ на денешната прес- конференција.

    Георгиевска: 238 илјади граѓани ќе добијат по 6000 денари преку трансакциски сметки

    - Но, овој пат наместо на картички, парите ќе им бидат исплатени на трансакциски сметки сé со цел да не се создаваат непотребни групирања пред банките и целиот процес да биде олеснет за граѓаните. За оваа намена државата обезбеди 27,6 милиони евра кои повторно ќе се вратат во стопанството. Исто така се обезбедуваат и дополнителни средства за вакцини, лекови и зајакнување на здравствените капацитети. Важен е секој човечки живот и секое работно место. Поддршката по региони продолжува и со ребалансот се опфатени важни проекти на локално ниво, низ речиси сите општини, - изјави Георгиевска.

    Таа додаде дека со усвоениот ребаланс на Буџетот за 2020 година, се обезбедуваат средства за реализација на четвртиот пакет економски мерки во износ од 470 милиони евра, за ублажување на последиците и подобрување на ликвидноста на реалниот сектор.

     - Имено, 70 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на 83.000 работни места и субвенционирање на вкупно 250.000 плати за месеците октомври, ноември и декември во висина од 14.500 до 21.776 денари. Оваа 2020 година кога сите сме погодени од светската пандемија од ковид вирусот се грижиме и помагаме на најзагорзените така што финансиските средства од буџетот ги насочуваме таму каде што се најпотребни, - рече Георгиевска.