27. 07. 2020 11:27

Германска донација за Кумановската болница

Германска донација за Кумановската болница

  Германската амбасада во Македонија ќе донира 152.000 евра, на Општата болница Куманово, Клиничка болница Штип, Здравствен дом Гостивар и Општа болница Прилеп, заради поуспешно справување со пандемијата од ковид 19. Договорите за донацијата ги потпиша амбасадорката Анке Холштајн.

„Македонските здравствени установи ќе ги искористат овие средства за набавка на медицинска опрема и амбулантни возила. Амбасадата им се заблагодарува на НВО Центар за рурален развој Бујрум од Куманово, Фондација за локален економски развор од Штип, Европски центар за развој, толеранција и соработка од Гостивар, Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, за соработката при имплементација на овие проекти, a во корист наопштините Куманово, Штип,  Гостивар и Прилеп. Финансиската поддршка од малите проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија има за цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин“, - соопштуваат од германската амбасада.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk