×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Германската амбасада донираше опрема за Општата болница во Куманово

    01.09.2020 11:35 | KumanovoNews

    Општата болница во Куманово доби донација од 10 монитори, 30 пулс оксиметри и 10 кислородни концентратори, од Амбасадата на СР Германија, преку проект имплементиран од страна на Центарот за рурален развој „Бујрум“ од Куманово.

    Германската амбасада донираше опрема за Општата болница во Куманово

    Донираната опрема ќе се постави на сите оддели во Општата болница во Куманово, а ќе се користи за неинванзивен мониторинг на витални функции кај пациентите, со неа ќе се олесни и следењето на здравствената состојба на пациентите и ќе биде потпомогнато секое одделение со кислородна поддршка. На здравствените работници ќе им се овозможат подобри услови за поефикасна дијагностика и третман на пациентите.

    Германсаката амбасадрока, Анке Холштајн, рече дека со оваа донација освен што ќе се овозможи поефикасно лекување на пацеинтите со Ковид-19, воедно истата претставува показател дека нивните партнери при борбата со пандемијата можат да се потпрат на нив.

    „Проектот беше имплементиран во минатите два месеци од страна на здружението „Бујрум“, а ова донација опфаќа опрема за болницата во Куманово која е потребна за секојдневно лекување на пациентите заболени со Ковид-19. Овде во регионот на Западен Балкан сакаме да покажеме дека нашите партнери при борбата со пандемијата можат да се потпрат на нас. Германија досега го поддржа регионот со 5 милиони евра, во што спаѓа и овој прокет, понатамошни 10 милиони се на пат. Освен тоа ЕУ помага со 3,3 милијарди евра во кои Германија учествува со скоро една третина. Од името на Германскиот народ ви поскувам добро здравје и успешно справување со пандемијата“, рече амбасадорката.  

    Снежана Захариева, директорка на Општата болница во Куманово, се заблагодари за донираната опрема, за којашто како што рече таа во болниците на Запад се менува на секои четири-пет години, а кај нас се користат монитори стари и до 20 години.

    „Ние во нашиот план за јавни набавки имавме планирано набавка и на монитори и на пулс оксиметри и на се` она што добивме, но секако тоа се многу мали количини и ќе требаше со години да правиме вакви набавки за да ги опремиме сите оддели. Оваа опрема ќе биде распределена на повеќе оддели затоа што не само на Инфективното одделение, туку и другите оддели во нашата боница се примаат пациенти коишто се ковид позитивни. Имаме многу итни случаи коишто ги примаме на секое одделение кои подоцна ќе се испостави дека биле ковид позитивни. Така што на многу места навистина ни е потребен ваков мониторинг на пациенти“, потенцираше Захариева.

    Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, ѝ се заблагодари на Амбасадата на СР Германија за донацијата, и потенцираше дека ова опрема ќе значи многу во делот на обезбедување на подобри услови во вршење на здравствениот процес и заштитата на граѓаните.

    „Се наоѓаме во тешка ситуација, впрочем ковид-кризата е насекаде присутна, но ова е дополнителен доказ дека и Македонија, но и Куманово, има свои државни партнери коишто ѝ се јавуваат во најтешките моменти во пресрет. Ние продолжуваме во делот на соработката во заедничкиот интерес и реализација на проекти од интерес на нашите граѓани“, додаде тој.

    Александра Тасиќ од Здружението за Центаро за рурален развој „Бујрум“, рече дека целта на проектот е да се подобрат условите на граѓаните и апелираше  овој проект да послужи како добра пракса за во иднина.

    Донираната опрема е финансирана од Специјалниот ковид фонд на германското Министерство за надворешни работи.       

    Амбасадорката на Германија, Анке Холштајн, денеска оствари средба и со градоначалникот на Општина Куманово, каде се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу Германската амбасада и Општина Куманово, имплементирање на поголем број на проекти, зацврстување на врските и можности за изнаоѓање на нови партнери на општината, со спуштање на нивото на соработка директно помеѓу општините и институциите во општините.

    (Ф.Марковска)