Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Матурантите од Гимназија “Гоце Делчев“ се петти во државата според резултатите од екстерното тестирање.
Просечната оценка на училиштето од екстерното тестирање е 4,36.
Според податоците кои ги добивме од Државниот испитен центар можам да кажам дека сме задоволни затоа што навистина се високи резултатите од матурантите. Покажаа солидни знаења на тестовите кои ги полагаа. Просек на ниво на училиште ни е 4,36 и ако споредиме со резултатите од полугодишните оценки тоа е 4,15 што значи дека имаме мало отстапување. Нвистина задоволуваат овие резултати - вели директорот Љубиша Николиќ.
Од оправдани причини неколку гимназијалци не биле тестирани и тие екстерните тестови ќе ги полагаат во наредниот период.
Средните стручни училишта очекуваат во текот на денот да добијат резултати и ранг листа од екстерното тестирање на матурантите.
На ниво на држава најдобри резултати постигнале матурантите од “Раде Јовчевски – Корчагин“ од Скопје, втори се “Јосип Броз Тито“ од Битола, трето е средното уметничко училиште “Лазар Личеноски“ од Скопје, четврто “Орце Николов“ од Скопје и петта Гимназија “Гоце Делчев“. Просекот на сите тестирани матуранти во државата се 3,39.