×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гимназијата „Сами Фрашери“ да се пресели во училиштето „Вук Караџиќ“, бара советникот Муадини

    22.01.2020 14:11 | KumanovoNews

    Советникот Осама Муадини од Алијансата на Албанците, побара од Општина Куманово, гимназијата „Сами Фрашери“, која работи во просториите на поранешен ЗИК, да се дислоцира во зградата на Основното училиште „Вук Караџиќ“.

    Гимназијата „Сами Фрашери“ да се пресели во училиштето „Вук Караџиќ“, бара советникот Муадини

    Својот предлог го правдаше дека во основното училиште учат само 114 деца, а оваа година биле запишани само 9 првачиња, додека во гимназијата настава посетуваат 1200 ученици.

    - Предлагам ова училиште да се даде на користење на гимназијата „Сами Фрашери“, а учениците од „Вук Караџиќ“ да се дислоцираат во најблиското основно училиште, да ја следат наставата и еднаш засекогаш да се реши овој проблемот. Барам статутот на училиштето „Вук Караџиќ“ да се прати во Министерството за образование за да се види дали ова училиште може да функционира со толку мал број на ученици. Го повикувам министерот кој е од нашиот крај да се позанимава со статусот на ова училиште, - изјави Муадини пред Советот.

    Претседателката на Советот Атина Мургашанска, го повика советникот да не прави политички маркетинг и да не ја злоупотребува седницата за политички цели, бидејќи Советот досега покажал голем интерес да го реши проблемот со просторните проблеми на гимназијата „Сами Фрашери“.

    - Сите се залагаме за нашите ученици и за решавање на проблемот којшто го загатнавте сега, а не е на дневен ред, и не е коректно да давате етничка димензија на дискусијата за формални одлуки, - изјави Мургашанска.

    Советникот Миле Андоновски додаде дека основното училиште не се основа сега, туку постои повеќе од 40 години, а доколку советникот Муадини сака тоа да се затвори нека каже отворено, а не зад измените во статутот да се бара нешто друго.

    Муадини се правдаше дека не бара затворање на Основното училиште Вук Караџиќ, туку само решавање на просторниот проблем на Гимназијата „Сами Фрашери“.

    По ова се разви жолчна дискусија помеѓу двајцата советници, поради што седницата беше прекината десетина минути за да се смират страстите.