×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Ѓурѓовденски сабор“ по 13 пат во Старо Нагоричане

    04.05.2023 13:29 | Сузана Николиќ

    Во општина Старо Нагоричане утре ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Ѓурѓовденски сабор“.

    „Ѓурѓовденски сабор“ по 13 пат во Старо Нагоричане

    „Прославата ќе започне во 18 часот на платото пред црквата Св.Ѓорѓи, со богата културно уметничка програма на КУД „Карпош“- огранок Старо Нагоричане и гостите од КУД „Врелац“- Врањска Бања. Како и секоја година за гостите ќе го подготвиме познатиот специјалитет - печење на ражен. Ве покануваме во што поголем број да дојдете и сите заедно да го одбележиме големиот празник“, информираат од Општина Старо Нагоричане, која е организатор на манифестацијата.

    Прославата се одржува 13-години по ред по повод верскиот празник Ѓурѓовден, кој е селска слава и има голема посетеност од месното население и од жители на соседните општини.