×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Гласна култура“ вечерва во Занаетчиски дом во Куманово

    28.03.2024 14:27 | Оливера Пешевска

    Изложба на фотографии од старо Куманово, поетско читање и стенд-ап, се само дел од содржините на  мултимедијалниот настан „Гласна култура“, кој вечерва со почеток во 18 часот ќе се одржи во Занаетчискиот дом во Куманово. 

    „Гласна култура“ вечерва во Занаетчиски дом во Куманово

    Организатор е движењето за социјална правда Ленка, а замислен е како иницијатива на која ќе се претстават повеќе млади уметници од државата.

    „Повеќе од 20 слики од старо Куманово се позајмени од државниот Архив и од Музеј Куманово, слики кои го прикажуваат животот во градот некогаш и од кои може да се реконструира животот во градот низ историјата. Нешто подоцна ќе имаме поетско читање на млади автори од Куманово, Скопје и Велес, а модератор ќе биде истакнатиот актер и поет Игор Трпчески-Трпче“, истакна волонтер на „Ленка“, Виторио Зафировски.

    Во програмата е предвиден стенд-ап настап на Мирослав Петковиќ, кој премиерно ќе го изведе своето најново шоу „Фрустрација 1312“, пропратен со „Кабаре Кабает“ кој во вид на пародија, на хумористично-сатиричен начин преработува автентични музички композиции.

    По 21 часот ќе настапи еден кумановски метал бенд, за да вечерта заврши со ДиЏеј настап на млад автор од Велес, програма за која организаторите веруваат дека ќе го задржи вниманието на младата публика.

    Влезот е слободен за сите заинтересирани граѓани на Куманово.