×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Го истепале газдата оти не им дал да пушат во кафана

    08.02.2012 15:21 | KumanovoNews

     Гости истепале газда на кафеана затоа што не им забранил да пушат во објектот.

    Го истепале газдата оти не им дал да пушат во кафана

    Инцидентот се случил синоќа во 21.10 часот вo гостилницата „Грче„ на ул. „Гоце Делчев“, кога пет непознати лица го нападнале сопственикот Т.Н.(38) затоа што побарал од нив да се однесуваат примерно и да не пушат цигари во локалот. Револтирани од предупредувањето, гостите се нафрлиле врз газдата и удирајќи го со тупаници и клоци, а употребиле и столица во пресметката.

    Вработените кажуваат дека гостите седеле долго и биле во алкохолозирана состојба, по што сакале да запалат цигара. Келнерот ги предупредил дека тука не можат да палт цигари, а кога тие не сакале да се откажат од намерата, им пришол газдата и ги замолил цигарата да ја испушат пред врата. Тогаш еден од гостите земал столица и почнал да го удира по главата, а останатите го мавале со чаши, тањири и шишиња. Во целата мешаница биле повредени и други лица.

    Повредениот е пренесен во кумановската болница, каде му се констатитани повреди по телото.

     Насилниците по тепачката побегнале. Полицијата излегла на лице место и трага по сторителите.