Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Детскиот младинскиот фолклорен ансамбл „Срма“ утре со почеток во 20 часот ќе одржи целовечерен годишен концерт во Центарот за култура „Трајко Покопиев“ во Куманово.
„Очекуваме да дојдат и гости од локалното фолклорно друштво од Бујановац, Србија“, истакна директорот Сашо Тодоровски.
ДМФА „Срма“ е формиран во 1977 година, во поранешниот Пионерски дом, а денеска е матична форма на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Брои повеќе од 120 члена,а досега учествувал на бројни меѓународни и национални фестивали- Франција, Италија, Шпанија, Шведска, Германија, Романија, Полска, Украина, Молдавија, Грузија, Грција, Кипар, Турција, Бугарија, Албанија, Унгарија и низ сите градови во државата.
Ансамблот е добитник на бројни гранпри награди и признанија на интернационалната сцена, а на три наврати и на највиското општинско признание „Ноемвриска награда“.
Влезот е слободен за сите заинтересирани.