Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
КУД „Српски вез“ во сабота во 20 часот во Центраот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе одржи традиционален годишен концерт. Концертот се организира по повод 9 години постоење и успешна работа на друштвото.
Организаторите подготвуваат богата и квалитетна културно-уметнички програм. Покрај трите фолклорни групи на „Српски вез“, оркестарот, етно групата и пејачката секција, на концертор ќе настапат и гости од Алексинац, КУД „Бисер“ и гости од Гевгелија, „Ансамблот Бојмија“.
„На концертор ќе присуствува и ќе се обрати Арно Гујон, директор на Управата за соработка со дијаспората и Србите од регионот, а ќе биде и прочитано поздравно писмо на престолонаследникот Александар Карађорђевиќ, кој поради неодложни обврски нема да дојде на концертот како што беше предвидено“, изјави Далибор Китапретседателот на КУД „Српски вез“.
Пред концертот ќе се потпише меморандум за соработка или одлука за збратимување на КУД „Српски вез“ со КУД „Опленац“ од Топола и Фолклорен ансамбл „Севдах“ од Врање.
Концертот е подржан од Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот при Министартсво за надворешни работи на Р.Србија, Министерство за култура на Македонија и од Општина Куманово.