Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Управата за јавни приходи досега 1770 кумановци поднеле Годишни даночни пријави.
Во пракса најголем број на ГДП пријави граѓаните ги поднесуваат во последните денови, пред истекот на рокот и токму затоа со цел избегнување на метежите , апелираме до граѓаните порано да дојдат и завршат. Ако граѓаните во текот на 2013 година покрај нивната плата или пензија на пример оствариле и приходи од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или оствариле хонорар по основ на авторски договор, учествувале во наградна игра и оствариле добивка и слично имаат обврска сите нивни приходи да ги пријават во УЈП со поднесување на Годишна даночна пријава најдоцна до 15 март 2014 година - велат од УЈП.
Граѓаните кои во текот на годината имаат остварено само приход од : плата, пензија, земјоделска дејност или самостојна дејност не се должни да поднесат Годишна даночна пријава.
На ниво на држава досега се поднесени 40.000 Годишни даночни пријави.